Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Унај Емери, вели дека неговиот тим сосема заслужено славеше на вчерашното дерби против Манчестер Јунајтед.
Лондончани победија на домашен терен со 2: 0 со што ја прекинаа фантастичната серија на „црвените ѓаволи“ по доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на тренерската позиција. Арсенал сега има 60 бодови со што се проби на четвртото место во генералниот пласман додека Манчестер Јунајтед остана на 58 бодови и падна на петото место.
„Со победата против Јунајтед ги зголемивме шансите да се избориме за место што ќе не однесе во Лигата на шампионите. Се надевам дека фановите ќе ни дадат голема поддршка и во реваншот со Рен во Лигата на Европа за да ја продолжиме победничката серија ” – рече Емери.