Торино сака да го врати централниот дефанзивец Камил Глик од Монако. Според последните информации од „Калчомеркато“, екипата на Торино веќе започнала разговори со полскиот репрезентативец за можен трансфер во јануари.
Самиот играч во неколку наврати изјави дека ќе биде среќен повторно да го игра за Торино, каде што беше од 2011 до 2016 година. Се верува дека сега е одлично време за Глит да се врати во Торино, бидејќи Монако е во сериозна криза и е на претпоследно место со само 7 поени.
Затоа клубот може да очекува некои сериозни промени и разделба со некои од актуелните играчи во следниот преоден рок во јануари. Нема да биде изненадување ако Камил Глик биде меѓу нив.