Раководството на Тотенхем, во следниот зимски трансфер период планира да го размени играчот од средниот ред на тимот Кристијан Ериксен за напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл.
„Спарси“ се подготвени да го понудат Ериксен и доплата од 30 милиони евра, се вели во информацијата.
Договорот на Ериксен со Тотенхем важи до 30 јуни 2020 година. Данецот одбива да го обнови договорот и има намера да го напушти лондонскиот клуб како слободен агент следното лето. Оваа сезона Герет Бејл постигна 2 гола и имапше 2 асистенции на 11 натпревари во Ла Лига. Ериксен постигна 1 гол и 2 асистенции на 15 средби во Премиерлигата.
Да потсетиме дека Герет Бејл играше за Тотенхем од 2007 до 2013 година.