Така наречениот принц на Рим, Франческо Тоти, кој се прости со активно играње на фудбал, вели дека неговата „десетка“ во Рома може да ја добие само легендата на Барселона, Лео Меси. Откако фудбалерот на „волчицата“ замина во пензија, клубот од Италија се определи да го повлече неговиот дрес со бројот десет.
„Не сакав да се повлече „десетката“, затоа што многу деца сонуваат да го облечат токму тој дрес на Рома. Ќе видиме кога ќе се појави некој нов Тоти. Кога Меси би дошол во Рим, тогаш би му ја дал „десетката“ и тоа лично на аеродром“ – изјави Тоти.
Поранешниот фудбале кој за Рома играше од 1992 до 2017 година има повеќе повеќе од 600 настапи и преку 250 голови.