Фудбалерот, Адама Траоре, ќе ги одбие понудите од Ливерпул и од Барселона и ќе го продолжи договорот со Вулверхемптон за нови четири години.
Тој сега ќе добива 100.000 фунти неделно или двојно повеќе од тоа што го заработуваше. Траоре потпиша за „волците“ за рекордни 22 милиони фунти во 2018 година.
Во текот на летниот трансфер период имаше одредени шпекулации дека за атлетски градениот фудбалер биле заинтересирани повеќе елитни состави од Шпанија и Германија.