Фудбалерите на Борусија Дортмунд вчера загубија на домашен терен од Тотенхем со 1 спрема 0 и со вкупна негатива од 4-0, се елиминирани во осмина-финалето во Лигата на шампионите.
Лусиен Фавр, стратегот на „милионерите“ призна, дека неговиот состав практично немал шанси во реваншот откако претрпе пораз на првиот меч во Лондон со 3 спрема 0.
„Да, сега загубивме со 1:0, но, нашиот главен пораз беше во првиот меч .Немавме многу шанси да продолжиме понатаму. Им благодарам на навивачите кои не поддржуваа до крај. Имавме многу гол шанси во првиот дел и две добри ситуации во вториот. Едноставо топката не сакаше“ – нагласи тренерот на германскиот тим.