По вчерашниот меч од Ла Лига меѓу Рајо Ваљекано и Реал (М) кој заврши нерешено 3:3, тренерот на Рајо, Иниго Перез беше прашан за ситуацијата во која судиите не досудија прекршок за пенал врз Винисиус.
„Не сакам да лажам, а мислам дека Винисиус беше шутнат од Мумин. Секогаш се трудам да бидам искрен, а кога го видов тоа реков дека судијата можеше да пресуди во нивна корист, но и не“, изјави Иниго Перез.
Реал Мадрид моментално заостанува еден бод зад Барселона на првото место.