Тренерот на Шахтјор Донецк, Луис Кастро ги сподели своите очекувања од натпреварот од 5.коло од групната фаза во Лигата на шампионите со Манчестер Сити.
„Не чека многу тежок натпревар. Важно е да може да сметам на апсолутно сите играчи кои сега се на располагање. Тајсон не пристигна поради повреда, но не треба да размислуваме за оние кои останаа во Киев, туку за оние кои се со нас и се подготвени да учествуваат во натпреварот. До денес, тимот секогаш играше на ист начин, а поради недостаток на тројца играчи – Тајсон, Марлос и Дентињо – нема да ја промениме тактиката. Многу е важно да тргнеме по свој пат. Веруваме дека само на овој начин, со нашата игра, можеме да постигнеме добри резултати. Со ривал како Манчестер Сити, секогаш е многу, многу тешко. Ако ја погледнете статистиката, тогаш скоро на секој натпревар тие ја контролираат топката од 65-70%. Го анализиравме натпреварот во Харков, каде нивниот процент на посед на топката беше 55%, но и покрај тоа, Манчестер Сити создаде многу повеќе шанси од нас. Не дојдовме тука да бидеме само во дефанзива и да очекуваме постојани напади од противникот. Јас разбирам дека ќе биде тешко, но ќе се обидеме да најдеме начини да дојдеме до голот на Манчестер Сити“, изјави Луис Кастро, тренерот на Шахтјор.