Извршниот директор на Баерн Минехн, Јан Кристијан Дрезен, вели дека нема да дојде до промена на кормилото иако Баварците вчера го загубија убедливо дербито со Баер Леверкузен во Бундес-лигата.
„Нема ништо да се промени околу тренерот. Заслуживме да загубиме, Баер Леверкузен беше подобар. Добро е што има уште 13 кола до крајот и да се надеваме дека Баер Леверкузен ќе погреши“ – рече Дрезен.
Ако се суди според неговите зборови, тренерот, Томас Тухел, ќе ја има поддршката на челниците на тимот иако навивачите дефинитивно не се задоволни од развојот на настаните во клубот.