Германскиот стратег Томас Тухел, кој до неодамна беше менаџер на Челзи, е можниот наследник на Герет Саутгејт на клупата на репрезентацијата на Англија. Веста ја објави британски „Телеграф“, повикувајќи се на извори во федерацијата.
Ако англичаните не успеат да направат успех на Мундијалот, за Саутгејт тоа ќе биде и последна селекторска обврска на кормилото на островјаните. Критиките кон него не престануваат по очајниот настап на Англичаните во Лигата на нации.
Покрај Тухел, како кандидат за селекторското место се споменува и Маурицио Покетинот.