Францускиот шампион ПСЖ забележа значајна побед ана гостувањето на „Олд Трафорд“ во првиот меч од 1/8 финалето на Лигата на шампионите.
Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел мораше да биде задоволен по победата со 2:0 над Манчестер Јунајтед. Тој, сепак, предупреди дека ништо не е решено и неговиот тим помина само на половина пат до следната фаза.
„Добивме екипа која е мешавина на брзина, агресија и контрола на топката. Ги искористивме нашите играчи од средниот ред за да го контролираме натпреварот. Во првото полувреме ние премногу лесно ја губевме топката, бидејќи брзвме на половина од противникот. Во вториот дел ја контролиравме играта. За половина час, направивме некои промени во тактиката, но што е најважно, игравме како тим – тоа беше клучот за успехот. Ние го намаливме растојанието помеѓу линиите и успеавме да ги задржиме Погба и Рашворд. Штом ние победивме како гостин, зошто да не може истото да го направи и Манчестер Јунајтед. Ајде да ја уживаме оваа победа, но потоа мораме да размислиме за реваншот, како и средбата со Ст. Етјен за време на викендот. Од сега не можеме да размислиме за 1/4 финалето. Имаме поминато само половина. Во моментов водиме, но ова е само половина пат. Треба да ја покажеме истата игра на реваншот”, рече Тухел по натпреварот.