Германскиот стратег на клупата на Пари Сен Жермен, Томас Тухел, отворено призна дека не му е лесно да излезе на крај со супер ѕвездата во тимот – Нејмар.
„Тој има големо, големо срце, но, за жал, понекогаш е провокативен и тоа е лошо. Jас му го кажувам тоа и тој го прифаќа, но, навистина тешко му оди“ – потенцираше тренерот на фудбалерите на ПСЖ по вчерашното реми на теренот на Реал Мадрид во 5 коло во Лигата на шампионите.
„Нејмар е провокативен кога чувствува дека нешто не е добро. Ние некогаш долго разговараме и се смееме иако тоа не помага секогаш“ – истакна Тухел.