Италијанскиот калчолигаш Удинезе е многу близу до привлекување на напаѓачот на Џенова, Џанлука Лападула. Италијанските весници објавија дека разговорите меѓу двата клуба се во напредна фаза, а Удинезе веќе го понудил Ирачанецот Али Аднан како дел од договорот за Лападула. Џенова најверојатно ќе прифати да го доbие Аднан во својот тим, а за возврат да го испрати Лападула на „Фриули“.
28-годишниот Лападула и покрај тоа што во Џенова требаше да биде главен носител на играта, минатата сезона не успеа да се престави во најдобро светло. Дојде од Милан како големо засилување, а постигна само 6 гола на 28 натпревари.