УЕФА и Европската клупска асоцијација постигнаа договор за краен рок до кој мора да се завршат националните првенства во Европа. Датумот е 31 јули. Ако до тогаш не заврши првенството, тоа ќе биде прекинато.
Според шпански весник „АС“, Здружението на клубови се обврзало да обезбеди дека првенствата ќе завршат до крајот на јули. Ова ќе овозможи преостанатите натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа да се играат во август. Доколку првенството во која било земја не се заврши, одлуката за конечниот пласман и учесниците во Евро куповите за следната сезона ќе ја донесе локалната федерација.
УЕФА реши да ја пренесе оваа одговорност на фудбалските менаџери во различни земји. УЕФА нема да го користи коефициентот на екипите за учество на екипите во Евро натпреварувањата за следната сезона, а локалните федерации ќе ги утврдат нивните критериуми.
Единствено што сака УЕФА е да им биде јасно кои ќе бидат учесниците во Европа на 31 јули. Темата за завршувањеато на првенствата и квалификациите за Европа следната сезона ќе биде во фокусот на денешната средба на раководството на УЕФА со претставници на фудбалските федерации.