Европската куќа на фудбалот планира да го одложи утрешниот меч Грузија-Бугарија откако експедицијата на нашиот источен сосед доживеа сообраќајна несреќа во Тбилиси а еден фудбалер беше посериозно повреден и мораше да оди на операција.
Средбата во рамките на нашата група во Лигата на Нации е закажана за утре од 18.00 часот а претставниците на УЕФА во Тбилиси предложиле да се игра во друг термин.
Во сообраќајката, репрезентативецот на Бугарија, Тодор Неделев, заработил повреди на черепот и морал веднаш да оди на операција.