Екипата на Ренова може да игра против Волфсбург во второто коло во квалификациите за Лигата на Европа откако Европската фудбалска унија ги подели подгрупите за вториот квалификациски филтер.
Покрај германскиот состав, тетовци може да го добијат за противник и сплитски Хајдук (Хрватска) или Зрињски (БиХ). За Шкендија која ја има улогата на носител како можни противници се наметнуваат: романскиот Ботошани, ЦСКА (Софија) и Сфинтул од Молдавија.
Силекс, пак, како елиминиран од воведното квалификациско коло во ЛШ, сега ќе биде дел од елиминациите во ЛЕ.