Вар-системот ќе се користи од осмина-финалата фаза во тековнава сезона во Лигата на фудбалските шампиони.
Тоа значи дека луѓето од УЕФА се премислија откако претходно најавија дека технологијата ќе влезе во елитната конкуренција дури од сезоната 2019/20. Извршниот комитет на УЕФА денеска во Даблин, даде зелено светло за „ВАР“ технологијата бидејќи досегашните тестирања се покажале максимално успешни.
„Подготвени сме да користиме ВАР порано отколку што планиравме и сме уверени дека тоа ќе им биде од корист на нашите натпреварувања и дека ќе биде од значителна помош за судиите и ќе доведе до редуцирање на грешките“ – изјави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.