Мечот меѓу Хусеин Акбасов и Даниел Пинеда кој беше закажан за 7 октомври во Лас Вегас е одложен од страна на УФЦ.
Причината за тоа е што еден од двајцата учесници е обвинет за киднапирање и изнудување пари.Тоа е Акбасов кој беше уапсен на 3 септември на Тајван.
Организацијата ќе почека да завршат сите правни процеси пред да даде дополнителни изјави но, наведува дека борбата Акбасов-Пинеда на 7 октомври е одложена.