Дефанзивецот на фудбалскиот состав Лацио, Валас Дос Сантош, кој минатата сезона играше на позајмица во Брага во Португалија, сега ќе биде испратен во турската екипа, Јени Малатија.
Двата клуба не ја објавија сумата за трансферот. Договорот на дефанзивецот ќе биде активен 2 години со можност да се продолжи за уште една сезона доколку ги исполни очекувањата на челниците на тимот.
Валас кој беше купен од италијаскиот состав во 2016 година забележа вкупно 67 натпревари за лацијалите на кои постигна и два гола.