Валенсија објави официјална изјава во која се потврдуваат пет случаи на фудбалери заразени од коронавирус и клупски претставници.
Станува збор за дефанзивецот Езекиел Гарај, еден од лекарите на тимот и уште тројца непознати, односно не се објавени нивните имиња.
„Валенсија објавува дека се пријавени пет случаи на КОВИД-19 меѓу персоналот и играчите од првиот тим. Сите овие лица сега се во добра здравствена состојба, по мерките за самоизолација. Покрај обезбедување на повеќе информации во наредните часови, клубот изразува поддршка на здравствените власти и нивните кампањи за подигнување на јавната свест, а на целата популација исто така ја потенцираме важноста да останат дома и да ги следат веќе најавените мерки за хигиена и превенција на болеста.Валенсија ја демонстрира својата верба во шпанскиот здравствен систем и препораките на Министерството за здравство за случајот на коронавирус“, се вели во соопштението на клубот.
Како што е познато, претходно во текот на денот самиот Гареј потврди дека имал позитивен тест за КОВИД-19, со што стана првиот играч во „Ла Лига“ со оваа инфекција.