Стратегот на клупата на Барселона, Ернесто Валверде, вели дека неговите фудбалери можеле да освојат уште еден трофеј во годинава што изминува доколку не ја загубеа полу-финалната пресметка со Ливерпул во Лигата на шампионите.
Според тренерот на шпанскиот шампион, шокантниот пораз на „Енфилд“ од 4-0 што значеше и елиминација од елитата на Европа, оставил голема трага врз играчите кои малку подоцна го загубија и финалето против Валенсија во Кралскиот Куп.
„ Тоа беше еден од најтешките периоди во годината. Мора да признаеме дека поразот во Ливерпул имаше влијание во финалето на Кралскиот куп. Да победевме против Ливерпул, сигурно ќе го освоевме и домашниот куп“ – изјави Валверде.