Во Барселона не се фасцинирани со нивниот настап против Реал Мадрид во одложеното дерби во Ла Лига. „Ел Класико“ заврши без голови, а тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде призна дека пресингот на Реал Мадрид го спречил добриот настап на неговиот тим.
„Многу интензивен натпревар. И двата тима имаа подобри и послаби периоди. Нашиот противник создаде проблеми со неговиот висок пресинг. Кога успеавме да излеземе од пресингор, дојдовме до неколку шанси. Не се сеќавам дека Реал имаше некои добри сситуации како што имавме ние. Но, во целокупната игра доминираше тензијата и картоните, а не тактиката“, коментираше Валверде.
„Бевме домаќини, така што притисокот беше на наша страна за задолжителната победа. Навивачите ни дадоа поддршка и сакавме да ги израдуваме, но Реал одигра многу упорно и сконцентрирано во текот на целиот натпревар“, додаде тренерот на Барселона.
Барселона и Реал се лидери во „Ла Лига“ со 36 бода, по што следи Севиља со 31. Во следното коло Барселона ќе биде домаќин на Алавес, а Реал Мадрид ќе биде домаќин на Атлетик Билбао.