Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ернесто Валверде, не го отпишува Реал Мадрид од трката за титулата во Примера Дивизион иако „кралевите“ заостануваат десет поени од екипите кои се на врвот.
„Луѓето секогаш го гледаат тимот кој е најблиску . Реал Мадрид и Атлетико се нашите ривали за титулата. Мадрид има посебен ген а Атлетико никогаш не се предава” – рече Валверде на прес-конференцијата пред утрешниот меч со Жирона.
„Сите гостувања се тешки. Играме дерби и ќе мора да вложиме голем напор. Знаеме дека ривалот ќе биде ентузијастички расположен и дека се наоѓа во одлична форма ” – рече Валверде. Средбата во Жирона е утре во 16:15 часот.