Холандскиот напаѓач Мемфис Депај, пак, нема да игра за својата репрезентација на првиот меч на Светското првенство во Катар 2022 година денеск апротив Сенегал. Ова го потврди селекторот на „портокаловите“ Луис ван Гал на прес-конференција пред натпреварот.
„Отсуството на Депај ќе биде ист удар за нас како отсуството на Садио Мане за Сенегал. Мане е извонреден играч. Сакав да го купам кога бев тренер на Манчестер Јунајтед. Но, истото важи и за нас. Ќе ни недостасува нашиот најдобар стрелец и крал на асистенциите, Мемфис Депај. Мислам дека групата играчи што ја имаме сега добро се разбираат. Тие добро соработуваат и мислам дека тоа ќе придонесе за успех“, вели ван Гал.