Видео системот за помош на судиите „ВАР“, исто така ќе има своја примена во Русија.
Ова ќе се случи во првите натпревари од полуфиналето на Купот на оваа земја кои се на програмата денес, а се среќаваат Урал – Арсенал Тула и Локомотив Москва – Ростов.
Овие информации беа објавени на официјалниот сајт на Руската фудбалска федерација. Руските навивачи ја поздравија одлуката за иновации, бидејќи немаат некое позитивно мислење за локалните судии.