Системот за видео повторувања „ВАР“ ќе биде користен од четврт-финалето на азискиот фудбалски шампионат во 2019 година.
Континенталната фудбалска асоцијација планира да го воведе „ВАР“ уште во септември оваа година, но одлучи да го користи системот за седумте последни средби од азискиот шампионат.
„ВАР“ беше воведен за да им помогне на судиите на Светското првенство во 2018 година во Русија, а на ниво на клубски шампионати се користи во Шпанија, Италија,Германија како и уште неколку првенства во Европа.
Во завршните натпревари на Азиското фудбалско првенство следната година ќе учествуваат 24 селекции, 8 повеќе од претходните четири изданија на Континенталиот шампионатот.