Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан ќе го пропушти саботното гостување кај Алавес од 15-то коло на шпанскиот шампион, пренесува весникот „Марка“.
Варан е повреден по ремито 2:2 против ПСЖ во Лигата на шампионите во вторникот вечерта на „Сантијаго Бернабеу“ и ќе добие неколку денови за одмор. Повредата на францускиот дефанзивец не е сериозна и се очекува тој да биде подготвен да го продолжи нормалниот тренинг на почетокот на следната недела.
Варан учествуваше на 16 од 18 натпревари на Реал Мадрид оваа сезона во сите натпреварувања. За време на средбата, повреда заработи и Еден Азар, кој ќе закрепнува околу 10 дена.