Барселона и Реал Мадрид доцна вечер (20.00 ч) на стадионот –„Камп Ноу“ ќе го одиграат големото фудбалско дерби на Шпанија.Во пресрет на „Ел Класико“, дефанзивецот на „кралевите“, Рафаел Варан, вели дека знае како да ја запре првата ѕвезда на домаќините, Лео Меси.
„Него не може да го чувате како другите. Мора целиот тим да се насочи да го запре. Мора да се браниме со сите играчи“ – потенцираше младиот Французин.
„Треба само да го ограничиме неговото движење на мал простор. Така ќе имаме повеќе шанси да го запреме Меси“ – вели младиот дефанзивец на Реал Мадрид кој е еден од најстандардните во првата постава на Зинедин Зидан.