Денеска се одиграа двата заостанати меча од 15. коло во ПМФЛ. Во Кратово Силекс со 3:2 го победи Вардар во еден прекрасен меч со пет постигнати гола и еден голем пресврт кој го направија домашните.
Вардар поведе со голот на Мишковски во 14. минута, но потоа на сцена стапи Каланоски и со два гола, во 20. и 27. минута направи пресврт.
Во вториот дел Силекс на десетина минути пред крајот поведе и со 3:1, за гостите да го ублажат поразот соголот на Јусуфи во 89. минута.
Во Струга домашниот тим во “езерското дерби“ со 1:0 ја победи Воска и со тоа изби на чело на табелата. Стрелец беше Згуро во 90+9. минута и тоа од пенал.