Шефот на Ферари, Фредерик Васер, објасни дека редовно одржува контакти со седум кратниот шампион, Луис Хамилтон, кој вози за Мерцедес.
„Разговарам со Луис секоја недела или секој месец и така е цели 20 години, тука нема ништо посебно, постојано сме во контакт“ – објасни Васер.
„Вистина е дека половина од возачите во Ф1 биле под мое водство. Во Баку разговаравме со Луис за неговата иднина и тоа стана голема вест но, ако направев договор со него секој пат откако разговаравме, тоа ќе ме чинеше цело богатство“ – вели шефот на Ферари.