Александар Васоски ќе биде нов тренер на скопски Вардар. Откако пред неколку дена дојде до промена на тренерското место во најтрофејниот македонски фудбалски состав, денеска и официјално Васоски ќе биде промовиран во ново тренерско решение. Тој доаѓа на местото на Бобан Грнчаров кој досега ги предводеше „црвено-црните“.
На позицијата спортски директор на клубот ќе биде поставен еден од најтрофејните македонски тренери, Ѓоко Хаџиевски. И тој се враќа во редовите на „црвено-црните“ кои годинава ќе имаат сериозна обврска и покрај сите финансиски проблеми да обезбедат опстанок во македонската фудбалска елита.