Поранешниот менаџер на фудбалерите на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека е подготвен да му помогне на сегашниот ментор на тимот, Фреди Љунгберг.
Швеѓанецот го презеде кормилото на лондончаните во ноември откако шпанскиот стратег, Унаи Емери заработи отказ. Познато е дека Фреди настапуваше во редфовите на 2топчиите“ од 1998 до 2007 година токму под тренерската палка на Арсен Венгер.
„Секогаш сум среќен што помагам на моите поранешни играчи и на мојот поранешен клуб. Ако му треба, секако, јас сум на располагање. Не сакам да зборувам премногу за Арсенал. Моето срце е со клубот и сакам да успеат. Фреди е одличен. „Тој сака да работи со клубот долго време“ – потенцираше Французинот.