Фудбалерот, Тимо Вернер, кој дебитираше за Тотенхем на мечот со Манчестер Јунајтед, вели дека не е задоволен со нерешениот резултат.
„Имавме голема желба да победиме. Тешко е да се игра на „Олд Трафорд“. Јас сум задоволен од мојот настап“ – вели Германецот кој во текот на зимава дојде како позајмен од екипата на РБ Лајпциг.
„Можам многу да му дадам на тимот со асистенции. Сакам да создавам шанси за другите. Не морам јас да постигнам гол“ – објасни напаѓачот кој направи една асистенција на мечот со „црвените ѓаволи“.