Актуелниот светски шампион, холанганецот Макс Вертсапен дојде до нова победа во Формула 1 оваа сезона. Возачот на Ред Бул триумфираше на трката за ГН на Италија на патеката „Монца“ и испиша рекорд.
Со победата на италијанското ГП, Верстапен стана првиот возач во Ф1 спортот кој успеал да дојде до десет победи во една сезона. На трката која доцнеше 20 минути со стартот, второто место му припадна на Серхио Перез од Ред Бул, додека третопласиран беше Карлос Сајнц од Ферари.
На самиот старт на трката Сајнц го презеде водството, пред Верстапен и Леклерк. Шпанецот и Холанѓанецот се надмудруваа од круг во круг, се до 15. круг, кога актуелниот првак го нападна возачот на Ферари и успеа да го презеде лидерското место. Во еден краток момент Верстапен го загуби првото место, но во 25. круг го врати пак и не го даде до крајот.
Формула 1 продолжува на 17 септември со трката за ГН на Сингапур.