Трикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, забележа рекордна сезона во 2023 година – 19 победи од 22 старта и заработи 25 милиони долари.
Во времето на Себастијан Фетел и Марк Вебер, кога дојдоа првите големи успеси на тимот, тие добиваа релативно помали плати но, се бореа за најголемите бонуси во Формула 1 кои се плаќаа за победи и титули.
Со доаѓањето на Макс на врвот на поредокот и освојувањето на својата прва титула, тоа се промени – платите на возачите на Ред Бул се зголемија. Претходно беше објавено дека Макс од плата и бонуси заработил вкупно 70 милиони долари – 45 милиони плата и 25 милиони бонуси.