Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, петтипат по ред успеа да дојде до пол-позицијата на едно од годинешните трки во Формула 1.
Тој поопладнево беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Британија. За него ова беше седми „пол“ оваа сезона и 27-ми во кариерата. Верстапен со ова постигнување го престигна двократниот светски шампион Мика Хакинен во вкупниот број на обезбедени пол-позиции.
1. Макс Верстапен (Ред Бул) – 1.26.720
2. Ландо Норис (Мекларен) +0,241
3. Оскар Пјастри (Мекларен) +0,372
4. Шарл Леклер (Ферари) +0,416
5. Карлос Саинц (Ферари) +0,428
6. Џорџ Расел (Мерцедес) +0,435