Ф1 тимот на Ред Бул стигна и до 11. победа во 11 трки оваа сезона, откако Макс Верстапен беше супериорен на трката за ГН на Унгарија на патеката „Хунгароринг“, во трка во која имаше проблем само на почетокот, кога го помина Луис Хамилтон кој ја имаше пол-позицијата на стартот на трката.
За Ред Бул ова беше 12. победа во низа, ако се смета и триумфот од последната трка во Абу Даби минатата сезона, со што го подобрија рекордот на легендарниот болид на Мекларен на Алан Прост и Аиртон Сена, кој во сезоната 1988 победи на 11 трки во низа.
Верстапен има седум победи во низа и девет оваа сезона, стигнувајќи со повеќе од половина минута предност пред фантастичниот Ландо Норис со Мекларен, додека Серхио Перез со вториот болид на Ред Бул успеа од 9. место да заврши на подиумот пред Хамилтон. До поени стигнаа и Оскар Пјастри (Мекларен), Џорџ Расел (Мерцедес), Шарл Леклер и Карлос Саинс од (Ферари) и двајцата возачи на Астон Мартин, Фернандо Алонсо и Ленс Строл.
По денешната трка во Унгарија, Макс Верстапен сега има 281 бод пред Серхио Перес кој има 171, а зад нив се Фернандо Алонсо со 139 и Луис Хамилтон со 133 бода.