Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен ќе започне од челната позиција на утрешната трка која ќе биде возена на патеката „Ред Бул Ринг“ за Големата награда на Австрија.
Возачот на Ред Бул успеа да победи на денешниот спринт пред клупскиот колега Серхио Перез додека на третото место заврши Карлос Сајнц од Ферари. Утре на стартот веднаш до Верстапен ќе бидат Шарл Леклер и Карлос Сајнц од екипата на Ферари. По нив во првата десетка доаѓаат: Норис, Хамилтон, Строл, Алонсо, Хулкенберг, Гасли и Албион.
Трката за ГН на Австрија ќе стартува од 15:00 часот.