Дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген може да се појави во игра за својата екипа уште во саботното дерби против Челзи. Ова го откри менаџерот на тимот Маурисио Почетино.
Белгискиот дефанзивец ги пропушти последните девет натпревари на Тотенхем поради повреда, но веќе продолжи со тренинг и е подготвен за игра.
Давинсон Санчез сепак, ќе биде надвор од игра околу еден месец, бидејќи има повреда. „Мораме да чекаме до утре да видиме дали може да игра, тој е многу важен играч за нас”, рече Почетино, кој додаде дека клубот веќе работи на новиот договор на Кристијан Ериксен .