Етиопија веќе го нема приматот во маратонското трчање, откако златото од СП во Унгарија заврши кај атлетичар од Уганда. Атлетичарот од оваа африканска земја, Виктор Киплангат го освои златниот медал во маратонот на Светското првенство што се одржува во Будимпешта.
Киплангат стигна до златото, бидејќи маратонот го истрча за 2:08.53 часа. Сребрениот медал му припадна на Израелецот Мар Тефери (2:09:12), додека бронзата ја освои Етиопјанецот Леул Гебресиласе (2:09:19).
Денес е последниот ден на Светското првенство во атлетика, сите финални дисциплини се во вечерната програма.
Ова значи дека не очекуваат неколку атрактивни дисциплини 5000 метри, фрлање копје, 4х400 метри, а кај жените: скок во височина, 800 метри, 3000 метри стиплчес, 4х400 метри.