Фиорентина потпиша договор со 33-годишниот шпанскиот фудбалер Хозе Калјехон, објави клубот. Тој пристигнува на стадионот – „ Артемио Франки“ како слободен играч откако седум сезони го носеше дресот на Наполи.
Калјехон се пресели во Неапол во 2013 година откако замина од Реал Мадрид за скормни 9,5 милиони евра.
Тој за италијанскиот тим одигра 349 мечеви со ефект од 82 гола и 78 асистенции во сите натпреварувања.