Поранешниот десен бек на Вардар, Владица Брдаровски својата кариера ќе ја продолжи во косовската екипа Дрита, актуелен шампион на оваа земја.
И покрај тоа што имаше интерес за неговите услуги од неколку клуба од Грција и Кипар, искусниот дефанзивец се одлучи да ја прифати понудата од Дрита. Со косовскиот клуб, Брдаровски потпиша едногодишен договор, со можност истиот да биде продолжен. Трансферот на Брдаровски во Дрита се реализира непосредно пред дуелот на косовскиот шампион против нашиот преставник Силекс, во рамки од квалификациите за Лигата на Европа.
Брдаровски пет години настапуваше во дресот на Вардар, со кој успеа да направи одлични резултати и да биде дел од екипата која го направи историскиот успех и пласманов во групите на Лигата на Европа.