Денеска на стадионот – „Вембли“ со мечот меѓу Ливерпул и Арсенал во рамките на Комјунити шилд ќе започне новата фудбалска сезона во Англија.
Тоа е средба меѓу шампионот на Англија и освојувачот на ФА Купот од претходната сезона. „Црвените“ и „точиите“ три пати се сретнале во решавачката битка за трофејот во Комјунити шилд. Ливерпул има две победи (1979 и 1989) и еден пораз (2002).
За Ливерпул во првата постава треба да бидат: Алисон, Александар-Арнолд, Гомез, Ван Дајк, Робертсон , Фабињо, Вајналдум, Кеита , Салах, Фирмињо и Мане. За Арсенал најверојатно мечот ќе го започнат: Лено , Салиба, Луиз, Тирни , Седрик, Вилок, Џака, Саха, Вилијан, Нкетиа и Обамејанг.