Најновите тестови на играчите на Валенсија за КОВИД-19 покажаа дека еден од играчите на предсезонските подготовки со главниот тим е позистивен.
Тој беше ставен во карантин и изолиран од соиграчите, како и од неговиот круг блиски контакти, според официјалната веб-страница на клубот. Идентитетот на фудбалерот кој имал позитивен тест не е откриено.
Во согласност со протоколите од Ла Лига, тимот ќе продолжи со тренинзи како и обично. Валенсија ќе ги одржи закажани тренинзи и пријателски натпревари. На 28 август, Валенсија ќе игра против Виљареал, а следниот ден ќе се соочи со Леванте.
Почетокот на сезоната во Ла Лига е закажана за 12 септември. Календарот за натпревари сè уште не е претставен од страна на лигата.