Велс по 64 години се враќа на Светското првенство, достигнување кое се смета за остварување на сонот. Легендата на Велшаните, Герет Бејл, кој најверојатно го игра последниот голем турнир, пред денешната премиера со САД изјави:
„Кога бев дете, сонував да го видам Велс како игра на завршницата на едно Светско првенство и да бидам дел од тој тим. Ова е остварување на сонот. Неверојатно сум горд што играм за мојата земја“, вели Бејл.
Противник на Велшаните денеска ќе биде репрезентацијата на САД, каде што Бејл се пресели минатово лето.
„Сега сум на седмото небо и секако добиваме пораки од нашите пријатели. Гледаме дека има големи очекувања од сите Велшани. На прозорците се поставени знамињата на нашата земја, има луѓе кои шетаат во национални дресови. Сега сум подготвен да ја напишам историјата на нашата земја. Училиштата ќе бидат затворени кога ќе се играат нашите натпревари, тоа ќе биде навистина голем момент во нашата историја и се надевам дека ќе се забавуваме“, заклучи фудбалерот на Лос Анџелес.