Кошаркарот, Кемба Вокер, кој по 8 сезони ќе го напушти НБА составот на Шарлот и ќе потпише договор за наредните четири години со Бостон Селтик, ќе заработи повеќе од 140 милиони долари, објавија денеска медиумите во САД.
Според информациите, Вокер во текот на денов кога ќе се отвори трансфер-пазарот во најсилната светска кошаркарска конкуренцијата треба да се појави во арената во Бостон за да го парафира договорот.
Плеј-мејкерот во редовите на најтрофејниот клуб во НБА треба да биде замена за бекот, Кајри Ирвинг, кој најави дека ќе замине во редовите на Бруклин. И неговата понуда се движи околу 140 милиони долари.