Напаѓачот на фудбалскиот состав Челзи, Педро, по пет сезони поминати во редовите на „сините“, ќе го напушти клубот.
Интернационалецот од Шпанија кој набрзо ќе биде слободен играч, влегува во плановите на италијанската Рома. Според најавите, екипата од „Олимпико“ ќе му понуди на Педро договор со кој ќе заработува околу три милиони по сезона.
Искусниот напаѓач до прекинот на сезоната во Премиер поради пандемијата на корона, успеа да постигне два гола и да направи две асистенции на 18 натпревари