Тод Ворник го коментираше судењето на натпреварот Панатинаикос – Макаби во рамките на плеј-офот во кошаркарската Евро-лига.
Грчките кошаркари успеаја да дојдат до победа и со вкупни 3-2 да влезет на завршниот фајнал-фор турнир. Израелецот кој е поранешен судија со знакот на ФИБА, не е задоволен како реагирале судиите во одредени моменти.
„Имаше десетина погрешни судиски одлуки во играта. Тоа е нормална бројка. Мислам дека поголемиот дел од нив беа на штета на Макаби“ – изјави Ворник.