Вечерва се игра едно од најголемите дерби средби во Италија. Милан и Јувентус се среќаваат во уште една средба во обид да ја продолжат одличната серија во Калчо лигата.
„Росонерите“ ги добија последните три натпревар, а последните два добиени меча беа во дополнителните минути од натпреварите. Во двата случаи, херој беше нивниот капитен Алесио Ромањоли. Шампионот има 31 поен на својата сметка по 11 кола, што е најдобро достигнување во нивната историја.
Тренерот на домашниот тим, Џенаро Гатузо, имаше сериозни проблеми со бројот на повредени играчи во последниве денови. Сепак Давиде Калабрија, Франк Ќеси, Хакан Чакханоглу, Гонзало Игуаин, Патрик Кутроне се најдоа во комбинација за оваа средба, но не е јасно кој од нив ќе игра. Тој очекува Игуаин да одигра добро против неговиот поранешен тим. Надвор од составот се Матео Мусакио, Џакомо Бонавентура и Лукас Билија. Во составот на Макс Алегри се враќаат крилата Даглас Коста и Федерико Бернардески додека во Торино останаа Леонардо Спинацола и Емре Чан.
Оваа сезона Милан е многу силен на „Сан Сиро“ и има 5 победи и 1 нерешен од 6 домашни натпревари. Единствено Аталанта не загуби во Милано- 2:2, а пбеа совладани Рома (2:1), како и Сампдорија (3:2) и Џенова (2:1) во последните 2 средби.
Јуве е одличен гостин и има 5 успеси од 5 гостувања. Освен тоа гигантот од Торино е во серија од 5 последователни победи во сите натпреварувања над еден од најголемите ривали. Од последните 5 гостувања во Милано, гостите добија 4 и загубија само еднаш.