Навивачите на Ливерпул и на Тотенхем кои не обезбедиле влезници преку УЕФА за финалето во Лигата на шампионите на стадионот – „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, ќе мора да платат голема сума доколку сакаат да набават влезница преку други сајтови.
„Црвените“ и тимот од Лондон ќе поделат 33.226 билети од вкупно 68.000 колку што е капацитетот на стадионот. Тоа значи дека голем број на влезници ќе се појават на „црно“ или на други веб-страни како на пример на „СтабХаб“. Таму една влезница чини 3.455 фунти со тенденција цената да се зголемува како ќе се доближува мечот.
УЕФА ги предупреди навивачите да не набавуваат билети на „црно“ или од други веб-сајтови бидејќи може да бидат измамени и да останат без вложената сума на пари.